Thursday, May 10, 2018

Анализа на лик: Антигона (Софокле)


Антигона е една од четирите деца на Едип и Јокаста и една од двете сестри, сестра и се вика Исмена.
Откако Едип и Јокаста загинале, градот Теба добил нов управувач, тој се викал Креон, роднина на децата на Едип и Јокаста.
Бидејќи Полиник и Етеокле (браќата од четирите деца) се бореле од спротивни страни. Креон наредил Етеокле да добие правилен погреб внатре во Теба, а Полиник да биде фрлен надвор од Теба за да биде изеден од гаврани, на времето, најлошата казна.
Антигона не го сакала ова, сакала на својот брат Полиник да му направи правилен погреб, да го покрие со земја.
Исмена не сакала да и помогне на Антигона бидејќи се плашела од Креон, спомнал ако некој проба да го погреба Полиник, ќе добие смртна казна.
Антигона сама го погребала Полиник, покажувајќи дека не се плашела од Креон и имала силен менталитет.
Одпрво погребот бил успешен, но потоа стражар што работел за Креон ја фатила Антигона, кога била однесена кај Креон, наредил да добие смртна казна, но прво да биде однесена во затвор во форма на пештера.
Креон бил известен дека боговите ќе бидат налутени ако Антигона загине, Креон, релативно исплашен, влегол во затворот, само да ја види Антигона обесена, со синот на Креон, Хемон, покрај неа.
Антигона во време на својот живот покажала дека било ментално многу храбра и без никаков страв кон луѓе по силни од неа, не се менува во никаков начин покажувајќи дека ништо немало да ја спречи да го погреба својот брат.

Lytras nikiforos antigone polynices.jpeg

No comments:

Post a Comment