Saturday, May 19, 2018

Житијата на Св. Кирил и Методиј

Панонски Легенди

Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката.

Житието за Методиј го опишува животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура.

"Чорбаџи Теодос"- Васил Иљоски 

 

Теодос е ладна личност без многу љубов кон своите пријатели или својата фамилија, многу педантен и со чувство како да е над сите други.
Не ја почитува жена си, и е (како сите Чорбаџии) преставник на своите пари и богатства.


Одлично е да си мрзелив

Во мое искрено мислење, би сакал да кажам дека сум ЗА, но и против мрзеливост.

Доброто во мрзеливоста е дека можеме да се ослободиме од буквално све што би можело да ни го уништи денот или умори психички и физички, најдоброто чувство во светот е да легнеме и само да замижиме, да влеземе во нашиот замислен свет, и да седиме таму цело време.

Но, тоа е единствената причина зашто зум ЗА, има многу повеќе причини зашто сум за НЕ.

Најпрвата е репетиција.
Ако нонстоп седиме во исто место и не правиме ништо, не само што ќе ни се здосади, но исто така ќе ги изнервираме луѓето околу нас, како би се чувствувал ако ти работиш, а другар ти си лежи и спие?

Друга причина е, ако сме мрзеливи, како ќе одиме на работа или во училиште?
Не мора објаснување овде, без школување, нема работа, без работа нема пари, без пари нема ништо.

Анализа на лик - Рафаел

Шагринска Кожа

Рафаел е чудесен љубопитен лик кој посакува многу разни работи.
Тој живее во невистински свет каде што нема никакви правила, комплетно различен од светот во којшто живееме ние.
Опседнат е со алкохол и коцкање, поради тоа е по нестабилен од најобичната личност.
https://www.jamescumminsbookseller.com/pictures/251644_2.jpg?v=1311093673

Ликови во драмата "Вујко Вања" -A. П. Чехов 


  1. Иван Петрович Војницки
  2.  Александар Владимирович Серебрјаков
  3. Елена Андреевна Серебрјакова
  4. Софија Александровна Серебрјакова
  5. Марија Василевна Војницкаја
  6. Михаил Лвович Астров
  7. Марина Тимофеевна
  8.  Илија Илич Телегин
Иван Петрович Војницки ( Вујко Вања ) е клучен лик во делото "Вујко Вања", тој е 47 годишен Русин којшто живее на својот издаден имот, се грижи за внука си. 

Илијада

 

Наредба е дадена на Агаемон да му се врати ќерката на Хрис, Хрисеида.
Ахил му се спротиставил на Агаемон, со помошта на мајка си, Тетида, таа барала помош од богот Зевс.

По жесток двобој, боговите сите одлучувале кој бил победникот во битката, додека тоа го правеле, божицата Атена го наредила Пиндар да стрела во Меналај, предизвикувајќи војна помеѓу двете војски.

Се бореле но неможеле да довршат, па затоа и двете страни славеле победа.

Хера со богот Посеидон помагаат на боиштето, додека Зевс е заспан.

Ахил го ранува Хектор, започнуваат игри, кралот Пријам му побарува на Ахил да му го даде телото на Хектор, својот син.

Thursday, May 10, 2018

Анализа на лик: Антигона (Софокле)


Антигона е една од четирите деца на Едип и Јокаста и една од двете сестри, сестра и се вика Исмена.
Откако Едип и Јокаста загинале, градот Теба добил нов управувач, тој се викал Креон, роднина на децата на Едип и Јокаста.
Бидејќи Полиник и Етеокле (браќата од четирите деца) се бореле од спротивни страни. Креон наредил Етеокле да добие правилен погреб внатре во Теба, а Полиник да биде фрлен надвор од Теба за да биде изеден од гаврани, на времето, најлошата казна.
Антигона не го сакала ова, сакала на својот брат Полиник да му направи правилен погреб, да го покрие со земја.
Исмена не сакала да и помогне на Антигона бидејќи се плашела од Креон, спомнал ако некој проба да го погреба Полиник, ќе добие смртна казна.
Антигона сама го погребала Полиник, покажувајќи дека не се плашела од Креон и имала силен менталитет.
Одпрво погребот бил успешен, но потоа стражар што работел за Креон ја фатила Антигона, кога била однесена кај Креон, наредил да добие смртна казна, но прво да биде однесена во затвор во форма на пештера.
Креон бил известен дека боговите ќе бидат налутени ако Антигона загине, Креон, релативно исплашен, влегол во затворот, само да ја види Антигона обесена, со синот на Креон, Хемон, покрај неа.
Антигона во време на својот живот покажала дека било ментално многу храбра и без никаков страв кон луѓе по силни од неа, не се менува во никаков начин покажувајќи дека ништо немало да ја спречи да го погреба својот брат.

Lytras nikiforos antigone polynices.jpeg

Monday, February 12, 2018

Прва Љубов -Иван Тургенев


1. 3 Пријатели зборат за нивната прва љубов, Владимир Петрович пишал книга.
Кога Владимир бил 16 годишен, се вљубил во 21 годишна девојка по името Зинаида Александровна.
Владимир е отпрво поканет и испрашан.
Кога се вратил, влегол во кавга со мајка му, поминува време и Владимир дознава дека Зинаида сака некој друг. Татко му на Владимир, Пјотр, е виден како ја тепал Зинаида, по некое време Зинаида се омажила со друг, и починала на пораѓање, дознаено е дека Пјотр починал.
Така му завршува книгата.


2. Откако Владимир Петрович завршил со своето основно школување, Владимир требал да се запише во средно училиште, но дознава дека татко му починал. Разни работи се случуваат.
По запишување во средно училиште, Владимир ја барал Зинаида, но дознава дека таа починала на пораѓање.

Tuesday, January 2, 2018

Галебот Џонатан Ливингстон

Галебот Џонатан Ливингстон

-Ричард Бах

Идејата во оваа басна е дека сите смееме да правиме што сакаме без грижа на нашите лимитации.

"Ако доволно веруваш во себе, лимитот на твоите мисли, на твојата физикалност, и многу други, нема повеќе да биде важен."

 


  -Во поговорката се зборува за важноста на верување во себеси, неважно од лимитот што го имаме.

-Сите смееме да правиме што сакаме, Сите сме слободни кога сме родени(1), но пак мораме да следиме правила, некакви закони што не спречуваат од таа слобода што сме ја добиле од нашето раѓање.

-Човекот, во секој момент знае каков му е животот и во каква ситуација е ставен, ние сами сме свесни дека сакаме во секој момент да го направиме нашиот живот по-интересен, подобар? Без тажност.

  -Секојднево, влегуваме во случки, ситуации, етц, кои не потсетуваат на нашите граници, дали тие ситуации не потсетуваат за нашите физички граници? Нашите психолошки граници? Секој пат е различно.

  -Мораме да имаме слобода, но да не биде претерана, сите знаеме што би се случило ако целиот свет бил слободен да прави што сака.

 


-(1)= "We're born free. All of us. Free. Some don't believe it, some try to take it away. To hell with them! Water like fire, mountains of ice, the whole bit. Lay your eyes on that, and you'll know what freedom is, that it's worth fighting for!"

-Eren Jaeger